сабота, септември 12, 2026
Дома БАЛКАН Втор инцидент за краток период: Избувна пожар во магацин на фабрика за...

Втор инцидент за краток период: Избувна пожар во магацин на фабрика за муниција во Бугарија – нема опасност за населението

0
Фото:пекселс

Избувна пожар во магацин на фабрика за муниција во близина на селото Горњи Врапчишта во регионот Габрово – лоцирано меѓу градовите Трјавна и Царева Ливада – соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.

Пожарот започнал околу 23:20 часот, а пламенот и чадот биле видливи дури и од Велико Трново. Поради инцидентот бил активиран системот „BG Alert“, пренесува бугарската новинска агенција БТА.

Според надлежните, нема опасност за населението во блиските населби, при што најблиската населба се наоѓа на повеќе од еден километар од објектот, пренесува „Танјуг“.

Се очекува бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, и главниот секретар на Министерството, Љубомир Николов, да го посетат местото на настанот и да извршат увид во активностите за справување со вонредната ситуација.

Надлежните најавија изјава за медиумите во 11:00 часот, во близина на селото Царева Ливада.

Гувернерот на областа Габрово, Кристина Сидорова, претходно потврди дека пожарот избувнал во магацин на компанијата за муниција „ЕМКО“ во селото Горни Врапчишта.

Ова е втор сличен инцидент во краток временски период.

На 10 август избувна пожар во магацин за муниција на фабриката „ЕМКО“ во близина на селото Белица, во општина Трјавна. Окружното обвинителство во Габрово минатата недела соопшти дека сè уште интензивно се собираат докази и се истражуваат сите можни причини за тој пожар.

ИЗДВОЕНИ