среда, октомври 28, 2026
Дома БАЛКАН Н1: Малолетниот напаѓач бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека...

Н1: Малолетниот напаѓач бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека планирал терористички чин, во јули бил депортиран во Србија

11
MUP Srbija

Малолетникот кој беше убиен пред Амбасадата на Израел по нападот врз припадник на Жандармеријата, е роден во околината на Шабац и во мај оваа година, бил уапсен во Минхен, Германија, поради основано сомневање дека таму подготвувал терористички чин, објави Н1, повикувајќи се на информации добиени од полициски извори.

Потоа, во јули оваа година, тој бил депортиран во Србија.

Германските власти го испрашале малолетникот, кој детално опишал како преку интернет почнал да се интересира за содржини поврзани со исламскиот фундаментализам и терористички организации, како што се Ал Каеда и Исламската држава.

Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен.

Останува нејасно како српските безбедносни служби – првенствено БИА (Безбедносно-информативна агенција) – дозволиле малолетникот во оваа ситуација да остане без надзор, овозможувајќи му да стигне до Амбасадата и да се обиде да убие припадник на Жандармеријата.

Н1 испрати прашања во врска со ова до Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија и до БИА.

Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи во техничката влада, изјави дека синоќа, 15 минути по полноќ, во Белград се случил терористички напад насочен кон припадник на Жандармеријата, кој обезбедувал објект на Амбасадата на Израел. Како последица на тоа, нивото на терористичка закана е подигнато на највисоко ниво, а присуството на полицијата на клучните локации е зголемено. Тој додаде дека припадникот на Жандармеријата го неутрализирал напаѓачот – малолетник. „Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и познато е дека бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм истакнал црно знаме и амблем на Исламската држава“, рече Дачиќ.

Тој додаде дека, заедно со директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој е во добра состојба и се очекува подоцна денеска да биде пуштен на домашно лекување.

ИЗДВОЕНИ