сабота, јуни 6, 2026
Дома БАЛКАН Врие на политичката сцена во Црна Гора: Поранешната државна секретарка во полициски...

Врие на политичката сцена во Црна Гора: Поранешната државна секретарка во полициски притвор поради нови експлицитни снимки

2557

Поранешната државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права, Мирјана Пајковиќ, беше повикана во полицијата во Подгорица во четврток вечерта на информативен разговор.

Причината за сослушувањето, кое беше спроведено по налог на надлежното обвинителство, беше појавувањето на нови експлицитни снимки што почнаа да кружат на социјалните мрежи еден ден претходно, пренесе 24часа.

Новата снимка наводно ја прикажува Пајковиќ во интимни ситуации со маж за кој се сомнева дека е Никола Дрецун. Станува збор за лице кое го бара црногорската полиција поради сомнение за сторени тешки кривични дела, вклучително и двојно убиство во Цетиње во јуни 2024 година. За Дрецун, кој е во бегство, е распишана и црвена потерница од Интерпол.

ИЗДВОЕНИ