петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Врховен суд ја потврди казната од 13 години затвор за Васил Јованов...

Врховен суд ја потврди казната од 13 години затвор за Васил Јованов која ја прегази Фросина кај „Универзална“

58

Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата за Васил Јованов, осуден за тешката сообраќајна несреќа во која минатата година во Скопје загина Фросина Кулакова. Со оваа одлука, казната затвор од 13 години останува правосилна, а Јованов ги исцрпи сите правни можности за нејзино намалување.

Од Врховниот суд информираат дека по разгледување на предметот, Советот на судот на 11 март 2026 година донел пресуда со која барањето на осудениот, поднесено преку неговиот бранител, се одбива како неосновано.

Јованов беше прогласен за виновен за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, поради сообраќајката во која без возачка дозвола, под дејство на алкохол и минувајќи на црвено светло, удрил во Кулакова, која преминувала на зелено светло. Таа починала на лице место.

Првично, Основниот кривичен суд Скопје му изрече казна затвор од 12 години, но Апелациониот суд ја зголеми на 13 години.

Со одлуката на Врховниот суд, пресудата станува конечна и правосилна.

ИЗДВОЕНИ