Американскиот републикански конгресмен Пит Сешнс за СиЕнЕн изјави дека околу 2.500 американски маринци би можеле да го обезбедат иранскиот остров Харг, кој е клучен за извозот на нафта, но инсистираше дека тоа нема да претставува класична копнена инвазија.
„Разговарав со некои медиуми синоќа и реков дека верувам дека тие 2.500 маринци од експедициската сила веројатно ќе бидат распоредени за да го обезбедат островот“, рече Сешнс.
Пентагон неодамна го испрати американскиот брод „Триполи“, амфибиски брод што превезува околу 2.500 маринци, хеликоптери и борбени авиони, на Блискиот Исток.
Сешнс додаде дека не го гледа ова како класична копнена борбена операција.
„Островот, според мене, не е ситуација со копнени сили во борбени услови“, рече тој.
Новинарка на Си-Ен-Ен го потсети дека ова е иранска територија, на што тој одговори „нема да го оспорам тоа, всушност сте во право“.
Зошто САД сакаат да го обезбедат островот?
Сешнс посочи дека целта на американската операција е да се обезбеди клучната нафтена инфраструктура, која САД претходно не ја нападнале. „Претседателот одлучи да не ја уништи можноста за извоз на нафта и мислам дека сака да ја обезбеди таа област за да ги спречи Иранците да си наштетат“, рече тој. Додаде дека таков потег го смета за разумен. „Мислам дека е веројатно мудар“, рече тој.
Сешнс нагласи дека распоредувањето на маринци нема е исто како американските сили да влезат длабоко во Иран, во урбаните средини.
„Дали е тоа копнена операција? Не, не на начин како внатре во Иран,во градовите, каде во минатото имавме ситуации со голем број цивили и борци против нас, што се претвора во хаос“, рече тој.
Rep. Pete Sessions: "I believe that what these 2,500 Marines would be is to secure the island. The island is not, in my opinion, boots on the ground in combat circumstances. It's not like inside Iran in the cities." pic.twitter.com/JAZ73ypcaJ
— Aaron Rupar (@atrupar) March 17, 2026
Додаде дека се спротивставува на испраќањето американски сили во густо населени области. „Се спротивставувам на она што го нарекувам хаос – испраќање луѓе, маринци и снајперисти во урбаните средини“, рече Сешнс.
Островот Харг е од големо стратешко значење, бидејќи околу 90 проценти од извозот на нафта на Иран минува низ него. САД неодамна нападнаа голем број воени цели во областа, но не ја таргетираа нафтената инфраструктура.
Изјавите на Сешнс сугерираат дека следниот чекор би можел да биде физичко обезбедување на островот со американски сили, што би претставувало понатамошна ескалација на конфликтот, иако тој тврди дека ова не би била класична инвазија.












