понеделник, ноември 2, 2026
Дома СВЕТ Жителите на Киев преплавени со предупредувања за опасност од радијација/ФОТО

Жителите на Киев преплавени со предупредувања за опасност од радијација/ФОТО

Причината за предупредувањето не е утврдена, а самото известување не потврдува дека дошло до ослободување на радиоактивни материи.

0
Фото: screenshot X

Жителите на Киев наводно добиле известување за опасност од радијација, со совет да останат во затворени простории, пренесува „Сидар њуз“ (Cedar News).

На „скриншот“ што кружи на интернет се гледа пораката „Опасност од радијација“, прикажана под името на градот. Причината за предупредувањето не е утврдена, а самото известување не потврдува дека дошло до ослободување на радиоактивни материи.

Канали на „Телеграм“ објавија дека за главниот град биле издадени и предупредувања за хемиска закана, како и за улични борби.

По само неколку минути, украински канали на „Телеграм“ објавија дека апликацијата најверојатно била хакирана и дека предупредувањата се резултат на техничка грешка.

ИЗДВОЕНИ