среда, октомври 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Вреди: Како го заработи Груби имотот вреден 335 илјади евра?

Вреди: Како го заработи Груби имотот вреден 335 илјади евра?

0

Од партијата бараат да се разјасни чија сопственост е имотот и на кој начин е стекнат, посочувајќи дека станува збор за значителна сума. ВРЕДИ го поврзува барањето на Груби со неговото поранешно политичко дејствување и со неговиот период на извршување јавна функција. Од партијата наведуваат и дека Груби се најде на американската црна листа поради наводи за корупција и мешање во правосудството.

„Граѓаните знаат колку години се работи за еден покрив над глава. Затоа оваа сума боде очи. Народот врзува крај со крај, а само за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса. Ако имотот е негов, толку ли има заштедено од функционерска плата?“, велат од партијата и бараат од институциите  да ги проверат сите околности поврзани со имотот понуден како гаранција, како и неговото потекло. Партијата оценува дека случајот отвора пошироки прашања за одговорноста на поранешните функционери и за начинот на кој се стекнувал имотот за време на нивното вршење јавни функции.

Во 2023 година Антикорупциската комисија го проверуваше имотот на сега обвинетиот Груби по обвинувањата на тогашната опозиција дека неговото семејство купувало станови по Скопје по примамлива цена за квадрат. Весникот Вечер објави дека имотот што го остава како гаранција за пасошот е поголем од она што последно го пријавил во анкетниот лист додека беше вицепремиер.(П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ