среда, јуни 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Вознемирувачки случај во Тетово: Мајка го претепала 3-годишното дете, го оставила на...

Вознемирувачки случај во Тетово: Мајка го претепала 3-годишното дете, го оставила на улица и заминала

31

Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека околу 14:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години.

Според пријавеното, откако случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, мајката го оставила детето на улицата и заминала со количка во која имало друго малолетно дете.

Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање и утврдување на идентитетот на сторителката и расчистување на случајот, додека детето по укажување на лекарска помош е предадено на Центарот за социјални работи Тетово.

ИЗДВОЕНИ