четврток, јули 2, 2026
Дома БАЛКАН Возачот кој удри 90-годишен пензионер кај Правниот факултет во Белград оди во...

Возачот кој удри 90-годишен пензионер кај Правниот факултет во Белград оди во притвор

70
Foto: Printscreen/Video/X

На возачот кој удри 90-годишен пензионер додека им оддаваше почит на 16-те жртви од уривањето на настрешницата му е одреден 30-дневен притвор.

Притворот е одреден поради ризик од бегство, можност за повторување на кривичното дело и вознемирување на јавноста, објави Вишиот суд во Белград на 17 мај.

90-годишниот жител на Белград е стабилен, но е задржан на одделот за ортопедија на Универзитетскиот клинички центар на Србија.

„По целосен дијагностички преглед, тој е задржан на понатамошно лекување на одделот за ортопедија. Пациентот е свесен и во стабилна состојба“, се вели во соопштението на Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Студентите и нивните поддржувачи продолжија да ја блокираат раскрсницата во близина на Правниот факултет во знак на протест, а вечерта го продолжија својот митинг пред Радио и телевизија на Србија, кој заврши по 20 часот.

ИЗДВОЕНИ