понеделник, октомври 26, 2026
Дома СВЕТ Инцидент во Германија: Крузер се судри со два контејнерски брода/ВИДЕО

Инцидент во Германија: Крузер се судри со два контејнерски брода/ВИДЕО

1
screenshot video

Крузер се судри со два контејнерски брода за време на невреме во германското пристаниште Бремерхафен, а според првичните информации, нема повредени, објави денеска весникот „Дер Шпигел“.

Од полицијата изјавија дека до несреќата дошло додека бродот испловувал од пристаништето.

Првично беше објавено дека во судирот учествувале крузерот „Mein Schiff 3“ и еден контејнерски брод, но полицијата подоцна појасни дека во инцидентот биле вклучени вкупно три пловни објекти.

Компанијата „TUI Cruises“ потврди дека се случила несреќата, иако портпарол наведе дека бродот се судрил со само еден контејнерски брод.

По судирот, крузерот се вратил на пристаништето, каде што во моментов се проценува обемот на оштетувањата. Во моментот на несреќата, на бродот имало 2.428 патници и 922 членови на екипажот, но никој не е повреден.

Засега, сите патници можат да останат на бродот, додека експерти се на терен и ја проценуваат ситуацијата.

Според полицијата, обемот на штетата и причината за несреќата сè уште не се познати, а започната е истрага за инцидентот.

ИЗДВОЕНИ