петок, октомври 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Повторно ќе им се суди на директорите за пожарот во Модуларната болница

Повторно ќе им се суди на директорите за пожарот во Модуларната болница

235

Врховниот суд ги уважи барањата на осудените директори на тетовската болница за пожарот во модуларната болница кој избувна на 8 септември 2021 година. Во трагедијата загинаа 14 лица, а 12 пациенти беа повредени. Сите жртви беа пациенти заболени од ковид-19.

“Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 22.10.2026 година, донесе пресуда во предметот КВП2-36/26 (во јавноста познат како Модуларна болница Тетово), со која ги уважи барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на осудените,поднесени преку нивните бранители, а пресудата на Основен суд Тетово К-512/24 од 16.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар КЖ-211/25 од 26.11.2025 година, ги укина и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување. Воедно, со решение барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на обвинетото правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово, го отфрли како недозволено, стои во соопштението на судот.

Предметот еднаш веќе беше вратен на повторно судење со одлука на второстепениот суд. Во втората жалбена постапка – декември 2025 година со одлуката на Апелацискиот суд Гостивар на Флорин Бесими му беше зголемена казна од 1,5 на 3 години затвор. Артан Етеми – зголемена казна од 1,5 на 3 години затвор. Клиничката болница Тетово – паричната казна е зголемена од еден на 1,3 милион денари.

Паралелно со судскиот процес за пожарот, ОЈО ГОКК на 20 август 2026 година ја затвори речиси пет години долгата предистражна постапка за набавката и изградбата на 19 модуларни болници, оценувајќи дека нема докази за злоупотреба на службената положба ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност.(П.А.)

ИЗДВОЕНИ