понеделник, јуни 15, 2026
Дома СВЕТ Воени лекари се спуштија со падобран на остров за да му помогнат...

Воени лекари се спуштија со падобран на остров за да му помогнат на Британец заразен со хантавирус/ВИДЕО

62
EPA/Miguel Barreo

Британски воени медицински лица се спуштија со падобран на оддалечениот атлантски остров Тристан да Куња за да му помогнат на сонародник за кој се верува дека е заразен со хантавирус, објави денес Би-Би-Си.

Тој го напушти бродот MV Hondius, каде што избувна смртоносна епидемија на вирусот, кон средината на април, во близина на најоддалечената британска прекуокеанска територија, каде што живее.

Тој ги пријави своите први симптоми две недели по напуштањето на бродот и наводно е во стабилна состојба, во изолација.

Тим од шест падобранци и двајца медицински персонал се спуштија со падобран на островот, дел од архипелаг во Јужниот Атлантик.

Ова е прв пат британската војска да спушти медицински персонал со падобран за да обезбеди хуманитарна поддршка, објави британското Министерство за одбрана.

Тристан да Куња има население од 221 жители, нема писта за слетување авиони и може да се стигне само по море – со брод.

ИЗДВОЕНИ