Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. Претходно за најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот водовод седница одржа Главниот штаб за управување со кризи.
Последните добиени резултати дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна со што се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење, изјави попладнево директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
На граѓаните им се порачува пред да ја користат водата за пиење, таа добро да истече од чешмите.
Најавено е дека ќе се прават три мерења за квалитетот на водата во Гостивар неделно.












