вторник, февруари 17, 2026
Дома СКОПСКА Во трите дена од продолжениот викенд, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен...

Во трите дена од продолжениот викенд, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред  

71

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСО) информира дека за време на трите дена од продолжениот викенд ( од 29.3.2025 година  до 31. 3.2025 година), поради верскиот празник Рамазан бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Билетарници и центрите за персонализација утре ќе работат со вообичаеното работно време. В недела, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: Транспортен центар и Зелен пазар.

В понеделник, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: Транспортен центар, Зелен пазар, Автокоманда (Дирекција на ЈСП Скопје) и Ѓорче Петров.

Жичницата утре и в недела ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а в понеделник на Рамазан Бајрам, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.

Жичницата од вторник, ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.

 

ИЗДВОЕНИ