недела, септември 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА На лице место фатен граѓанин како создава депонија во Скопје – секоја...

На лице место фатен граѓанин како создава депонија во Скопје – секоја ваква постапка нема толеранција, реагира градоначалникот Ѓорѓиевски/ФОТО

34
Фото:фб

Инспекторите на Град Скопје доцна синоќа затекнале лице како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во Кисела Вода, создавајќи дива депонија.

Случајот веќе е санкциониран, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи.

–  Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме. Таквата неодговорност нема да помине без санкција. Јасно кажав и останувам на зборот – нулта толеранција за секој што ги претвора јавните површини во депонии и го загрозува здравјето на граѓаните – напиша градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ