среда, февруари 18, 2026
Дома СВЕТ Во Швајцарија откриен Клејд 1б новата поопасна варијанта на мајмунска сипаница

Во Швајцарија откриен Клејд 1б новата поопасна варијанта на мајмунска сипаница

81

Швајцарија го пријави својот прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница, Клејд 1б (Clade 1b), а поединецот е изолиран, соопшти денеска Федералниот институт за јавно здравје.

Официјалните лица рекоа дека заразеното лице е патник кој се враќал од Африка и дека нема ризик од пренесување во околната заедница, објави Swissinfo.

Светската здравствена организација соопшти дека Клејд 1б е позаразен и поопасен од претходните варијанти на мајмунска сипаница.

ИЗДВОЕНИ