петок, септември 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Четиринаесетгодишен ученик расечен со нож од соученик

Четиринаесетгодишен ученик расечен со нож од соученик

Инцидентот се случил во школскиот тоалет

0

Ново врсничко насилство во Скопје, 14-годишен ученик е расечен со нож од соученик, во тоалетот во основно училиште кај Бит-пазар. Пријавил родителот на повреденото дете, а полицијата расчистува уште еден од низата случаи на насилство меѓу учениците.

– На 24.9.2026 во 13:00 часот, во СВР Скопје, Ф. А. (43) од Скопје пријави дека околу 9:00 часот, во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит-пазар, бил нападнат нејзиниот 14-годишен син со остар предмет, од свој соученик, нанесувајќи му исеченица во пределот на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ