недела, ноември 1, 2026
Дома СВЕТ САД предупредуваат на можен масовен напад во Москва: Американците повикани веднаш да...

САД предупредуваат на можен масовен напад во Москва: Американците повикани веднаш да го избегнуваат комплексот

89
EPA/MAXIM SHIPENKOV

Американската амбасада во Москва издала итно безбедносно предупредување за веродостојна закана од напад во областа на музејскиот и парковскиот комплекс „Царичино“ во руската престолнина.

Според предупредувањето, постои опасност од настан што би можел да предизвика голем број жртви денес, 31 октомври. Американските дипломати ги повикале своите граѓани да го избегнуваат комплексот и да се држат настрана од места каде што се собираат поголем број луѓе.

Амбасадата не ја откри природата на заканата ниту посочи кој би можел да стои зад неа и врз основа на какви информации е издадено предупредувањето. На американските државјани им се советува да бидат внимателни, да ги следат локалните медиуми, да ги наполнат мобилните телефони и со себе да носат документи за идентификација.

Според „Новаја Газета Европа“, американските власти го координираат одговорот на заканата со руските власти.

Комплексот „Царичино“ се наоѓа во јужниот дел на Москва и е популарно место за прошетки и културни настани. Рускиот портал „Фонтанка“ објави дека за денес таму бил закажан концерт на оргули, а интернет-страницата на музејот не била достапна во времето на објавувањето на извештајот.

Стејт департментот на САД и претходно ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија, издавајќи највисоко, четврто ниво на предупредување. Како причини се наведуваат ризикот од терористички напади, последиците од војната во Украина и можноста за произволно притворање на американски државјани.

Засега нема потврда дека се случил напад во комплексот „Царичино“, а руските власти не објавиле детали за можната закана.

ИЗДВОЕНИ