Пет тинејџери се убиени, а четворица потешко повредени во напад со нож во сибирскиот Иркутски регион, соопшти локалниот оддел на Рускиот истражен комитет, пренесува агенцијата Тасс.
Истрагата покажала дека група млади се собрале во куќата каде прославувале роденден, и во еден момент еден од нив ги нападнал другите со нож, при што биле убиени пет лица. Потоа, напаѓачот ја запалил куќата за да го прикрие злосторството.