среда, август 12, 2026
Дома БАЛКАН Во куча во Подгорица пронајдени повеќе од 50 странци и многу дигитални...

Во куча во Подгорица пронајдени повеќе од 50 странци и многу дигитални уреди: Украинци, Молдавци и Словаци од Црна Гора празнеле сметки на Руси

0

 

Во куќа во Мареза, предградие на Подгорица, црногорската полиција откри повеќе од 50 странски државјани за кои, како што пренесуваат неофицијално медиумите, постои сомнеж дека се хакери кои земале пари од сметки на руски граѓани.

Според полицијата на Црна Гора, во рамките на операцијата во куќата биле пронајдени стотици дигитални уреди, софистицирана опрема и голема количина пари. Повеќето од луѓето престојувале и работеле во Црна Гора со месеци, а според неофицијални информации  дел доаѓале во Црна Гора последователно, а некои од нив се во земјата повеќе од половина година.

Кривичната обработка на странците е во тек, со ангажирање на преведувачи, а случајот е во надлежност на Основното државно обвинителство Подгорица. На некои од странците пронајдени во таа куќа ќе им биде откажан престојот во Црна Гора, додека други ќе се соочат со кривични пријави. Според полициското соопштение, меѓу луѓето кои работеле во куќата има претежно државјани на Украина, но и државјани на Молдавија и Словачка.

ИЗДВОЕНИ