Министерството за здравство информира дека заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска.
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба.
Во меѓувреме, епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување, со континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош, соопшти Министерството за здравство.
Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството го задолжило Центарот за јавно здравје – Скопје да спроведе дополнителна терестичка, односно земјена адултицидна дезинсекција против комарци.
Вонредниот третман бил спроведен во текот на ноќта како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од ширење на инфекцијата.
Од Министерството посочуваат дека Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје и здравствените установи остануваат во постојана координација и оти јавноста навремено ќе биде информирана за сите нови сознанија и преземени активности.





![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)






