петок, јули 31, 2026
Дома БАЛКАН „Бесплатни лежалки, како не!“: Туристи го споделија своето искуство од летниот одмор...

„Бесплатни лежалки, како не!“: Туристи го споделија своето искуство од летниот одмор во Грција

85

Група туристи кои пиеле коктели на плажа во Миконосдоживеале како што велат, непријатно искуство откако им биле наплатени 116 евра за два пијалоци во еден бар. Инцидентот повторно го привлече вниманието кон барот DK Oyster, кој често се споменува во контекст на високи цени.

Еден од најновите незадоволни гости објави фотографија од сметката на Tripadvisor на која се гледа дека нарачал два коктели од еден литар, вклучувајќи и „маргарита“. Секој чинел 58 евра.

Во својата рецензија, тој напишал: „Секако, бесплатни лежалки. Штом ќе седнете, ви го носат менито. Мора да нарачате пијалок што чини 58 евра по лице и веднаш да го платите. Локацијата е прекрасна и би можеле да се снајдат доста добро. Бидете внимателни и прашајте за цената на пијалокот пред да седнете.“

DK Oyster се претставува како место за целодневно уживање со храна и пијалоци веднаш на плажа. Иако промотивните фотографии покажуваат атрактивна локација, цените не се наведени на официјалната веб-страница на барот.

Менаџерот на барот Димитриос Каламарас претходно ја бранеше деловната политика на ресторанот во изјава за The Sun.

„Постои минимална потрошувачка за користење на нашите лежалки и ги охрабруваме сите посетители да го проверат менито пред да нарачаат. Би сакал да нагласам дека нашите ценовници се прикажани на таблите покрај влезот и јасно ги прикажуваат цените на храната и пијалоците, за гостите да бидат информирани.“

„Во DK Oyster, се рекламираме на начин што го сметаме за соодветен и нема да им се предадеме на влијателните личности кои се привлечени од овој прекрасен остров. Веруваме дека вредноста на искуството што го нудиме е висока и немаме намера да објаснуваме зошто наплаќаме повеќе од супермаркет или традиционална таверна. Можеби се одлични места, но тоа е сосема поинаков концепт од нашиот“, вели Каламарас.

ИЗДВОЕНИ