Полска потврди дека ракетата што падна во близина на нејзината граница со Украина била руска крстосувачка ракета.
„Разговарав со шефот на операциите, генерал Иренеуш Новак, и можеме со сигурност да потврдиме дека станува збор за руска ракета Kh-101“, изјави заменик-министерот за одбрана Цезари Томчик за радиото Rmf.fm.
Тој рече дека ракетата е потенцијално многу опасна и може да носи нуклеарни боеви глави.
Томчик кажа дека експлодирала при ударот.
Полската војска во четврток наутро соопшти дека неидентификуван летачки објект влегол во воздушниот простор на НАТО и се урнал на полска територија за време на силните руски воздушни напади врз соседна Украина во текот на ноќта.
Објектот се урнал во ненаселена област во близина на селото Тарнава Колонија, околу 90 километри јужно од Лублин, каде што тревогата била подигната рано наутро.
Според војската, борбен авион Ф-16 бил испратен да помогне во идентификацијата, но потоа ракетата исчезнала од радарот. Екипажот на хеликоптерот подоцна го идентификувал местото на падот.
Полицијата подоцна пронашла кратер широк 10 метри во близина на Тарнава Колонија. Во инцидентот немаше повредени.
Владата во Варшава првично соопшти само дека се сомнева дека објектот е руска ракета и дека е во тек истрага.
Силна експлозија ја потресе Полска: „Неидентификуван објект“ падна во близина на Лублин/ФОТО












