Според радарска слика што ја прикажа Управата за хидрометеоролошки работи има врнежи од дожд и појава на ретки грмежи во Кумановскиот, Тетовскиот и Дебарскиот регион. Во источните делови од Скопската Котлина има пороен дожд и појава на ретки грмежи, засилен ветер и наместа можна појава на суградица. Нестабилната облачна маса е со правец на движење од исток кон запад.
Нестабилност има по планинските предели источно од Дебар.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за појава на краткотрајно невреме со град.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.
Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.












