петок, август 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Библиотеката „Илинден“ во Делчево ги награди првенците на генерацијата од основните училишта

Библиотеката „Илинден“ во Делчево ги награди првенците на генерацијата од основните училишта

23

Библиотеката „Илинден“ од Делчево, традиционално, и оваа година, ги награди првенците на генерацијата од двете основни училишта во градот, оддавајќи им признание за нивниот труд, знаење и посветеност.

Гости на библиотеката беа Сара Димитровска, првенец на генерацијата од ООУ „Ванчо Прке“, и Ирина Спасевска, првенец на генерацијата од ООУ „Св. Климент Охридски“, на кои им беа врачени пригодни подароци како поттик за понатамошно образование и љубов кон книгата.

Од библиотеката упатија честитки за нивниот извонреден успех, посакувајќи им многу нови знаења, успеси и исполнети соништа на патот што е пред нив.

– Нека ова признание биде поттик да продолжат храбро да чекорат кон нови достигнувања, а книгата секогаш да им биде верен пријател – порачаа од библиотеката „Илинден“.

Со оваа традиционална активност, библиотеката ја продолжува практиката на промоција на знаењето, читањето и поддршката на најуспешните ученици во Делчево.

 

ИЗДВОЕНИ