четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Во црногорско село српски митрополит откри споменик на озогласениот воен злосторник, четникот...

Во црногорско село српски митрополит откри споменик на озогласениот воен злосторник, четникот Павле Ѓуришиќ

244

Митрополитот будимјанско-никшиќски на Српската православна црква, Методие, во црногорското село Горње Заостро кај Беране, откри споменик на озлогласениот четнички командант, Павле Ѓуришиќ, нарекувајќи го најголем херој и маченик.

На откривањето на споменикот во присуство на стотина луѓе била интонирана српската химна, а говор држел и четничкиот војвода Миодраг Гиго Божовиќ.

Вчера споменикот е отстранет и сместен во локалната црква, со намера, како што вели митрополитот Методие, ако народот побара, повторно да се врати во селото. Отстранувањето го наложила полицијата која дошла во два часот изутрината и наредила споменикот да се тргне најдоцна до 15 часот. За подигање на споменикот е уапсено едно лица од Беране.

Павле Ѓуришиќ е озлогласен воен злосторник. Неговите трупи извршиле колеж на муслимани во Пљевља, Чајниче и Фоча, во февруари 1943 година, што се смета за најмасовно воено злосторство на етничко чистење кое го направиле етнички формации за време на Втората светска војна.

 

ИЗДВОЕНИ