среда, јули 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Влажен бран носи дожд и пад на температурите од петок

Влажен бран носи дожд и пад на температурите од петок

19

УХМР информира дека утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Во петок, под влијание на влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). На одделни места врнежите ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе се намали.

За време на викендот утринските температури ќе бидат ниски, додека дневните постепено ќе растат. Во понеделник повторно се очекува локална нестабилност со можност за дожд и грмежи.

ИЗДВОЕНИ