Вишото јавно обвинителство во Белград објави дека денес е пронајден еден проектил во ресторанот „27“ во Сењак.
Обвинителството наведува дека, поради нови факти, наредило повторно истражување на теренот, кое започнало синоќа.
„Поради нови факти што се утврдени во текот на досегашната истрага, Вишото јавно обвинителство во Белград наредило повторно истражување на теренот, кое започнало вчера во 19 часот и сè уште е во тек“, се вели во соопштението.
Се наведува дека денес наутро е пронајден еден проектил во ресторанот.
Пребарувањето, како што се додава, го води дежурниот јавен обвинител во Јавното обвинителство во Белград.
Инаку, тело за кое се верува дека е на А.Н., по кого се трагаше, беше пронајдено во буре ископано во четврток во општина Инѓија, објави претходно ВЈП.
Се сомнева дека е убиен во ресторан во Сењак.
Десет лица се уапсени во врска со ова злосторство, вклучувајќи го и поранешниот началник на белградската полиција, Веселин Милиќ.












