среда, јуни 24, 2026
Дома СВЕТ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ! Срушени 339 температурни рекорди, во Франција забележан најтоплиот ден во...

ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ! Срушени 339 температурни рекорди, во Франција забележан најтоплиот ден во историјата на мерењата

38
EPA/TERESA SUAREZ

Вчерашниот ден беше „најжешкиот ден некогаш забележан во Франција“ откако започнаа мерењата во 1947 година, соопшти националната метеоролошка и климатолошка служба Метео Франс. Само за еден ден беа срушени 339 нови температурни рекорди.

Националниот термален индикатор во Франција достигна рекордни 29,8 степени, според привремените податоци собрани од јавната метеоролошка служба во вторник во 17 часот, пренесе Фигаро.

Вредноста, која претставува просек на дневните и ноќните температури на 30 референтни станици, ги надмина претходните историски рекорди од 29,4 степени, забележани на 25 јули 2019 година и 5 август 2003 година.

Франција се соочува со екстремен топлотен бран кој предизвика црвен метеоролошки аларм во 54 департмани и доведе до повеќе од 40 смртни случаи од давење.

Топлинскиот бран предизвика: затворање на 845 училишта и серија несреќи на базени, Дизниленд привремено ги затвори своите атракции на отворено, многу концерти се откажани, а Ајфеловата кула беше затворена вчера во 16 часот наместо вообичаеното 00:45 часот.

Во понеделник, францускиот премиер Себастијан Лекорну побара од членовите на владата да ги откажат и ограничат сите службени патувања што не се директно поврзани со решавањето на кризата

Градските власти на Париз одобрија пливање во каналот Сен Мартин.

Франција постави 339 нови температурни рекорди за време на својот најжежок ден откако започнаа мерењата во 1947 година, бидејќи екстремен топлотен бран го зафати поголемиот дел од земјата.

Според податоците од метеоролошките служби, апсолутните рекорди за температура се срушени на 135 станици, објави BFM TV.

Највисоката температура е измерена во Пизос во департманот Ланд, каде што се измерени 44,3 степени Целзиусови. Во истата област, станицата Саберс регистрираше рекордни 42,5 степени.

Во Велика Британија, операторот на електричната мрежа побара од производителите да го зголемат производството на електрична енергија поради ненадејното зголемување на потрошувачката за време на рекордната топлина.

Здравствените власти издадоа црвено предупредување за топлина по втор пат во историјата, предупредувајќи дека екстремните температури се опасни по живот не само за болните и старите лица, туку и за здравите луѓе.

Британските железнички оператори советуваа само неопходно патување во двата најжешки дена, среда и четврток, бидејќи поради топлината беа воведени ограничувања на брзината на возовите.

На југоисток од Франција, обдукцијата покажа дека две деца, на возраст од две и четири години, починале од последиците на екстремната топлина откако биле оставени во автомобил паркиран пред семејната куќа. Нивната мајка изјавила дека не знаела дека во возилото има деца, објави регионалниот обвинител.

Министерството за здравство на Италија издаде највисоко предупредување за топлина за 16 градови, од Фиренца и Милано до Рим, Торино и Верона.

Се очекува условите дополнително да се влошат, особено во централните и северните региони, а топлотниот бран веројатно ќе достигне врв помеѓу недела и понеделник, велат метеоролозите. Температурите би можеле да достигнат 41 степен Целзиусов помеѓу Тоскана и Емилија, додека во крајбрежните области како што е Лигурија, комбинацијата од топлина и екстремна влажност би можела да ги покачи температурите до 45 степени.

ИЗДВОЕНИ