понеделник, август 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Висок ризик од пожари: Речиси цела Македонија во „црвена зона“

Висок ризик од пожари: Речиси цела Македонија во „црвена зона“

1

Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари.

Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на пожари на отворен простор, како и шумски пожари со висок интензитет, на целата територија на државата.

Според информациите од ЦУК, денеска до 13 часот се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор.

Активни се три пожари и тоа во Општина Штип кај селото Лакавица, во Општина Македонски Брод кај селото Драгов Дол и во Општина Неготино кај воениот полигон Криволак. На овие локации гори ниска вегетација, сува трева, нискостеблеста шума и грмушки.

Од ЦУК додаваат дека два пожари се под контрола и тоа во општините Крива Паланка и во Делчево каде горат депонии.

ИЗДВОЕНИ