Скулптури од академската уметница Анета Стојчевска од Крива Паланка, кои се дел од нејзината самостојна изложба „Прогон“ се изложени во Градски музеј во рамки на програмата „Кривопаланечко културно лето 2026“.
Како што посочуваат организаторите се работи за современа мултимедијална поставка што преку просторни инсталации и аудио-визуелни елементишто отвора прашања, буди емоции и остава силен впечаток.
Изработена е во рамките на истоимениот проект којшто е финансиран преку јавниот повик за финансирање на предлог – идеи од јавен интерес во областа на културата на Општина Крива Паланка за 2026 година.
Анета Стојчевска е академска скулпторка со богато авторско искуство и препознатлив современ уметнички израз, а своите дела редовно ги претставува и пред домашната публика. Таа е родена во Крива Паланка во 1983 година, а дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, отсек скулптура во класата на проф. Станко Павлески, како студент на генерацијата.
Досега реализирала повеќе самостојни и групни изложби и инсталации и учествувала на повеќе ликовни колонии.












