четврток, септември 24, 2026
Дома СКОПСКА Почна обновата на главниот мост над Маркова Река

Почна обновата на главниот мост над Маркова Река

196

Град Скопје ги известува жителите од населбата Драчево дека Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река.

– Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот. Како Град Скопје, ве замолуваме за трпение, разбирање и за почитување на сообраќајниот ред – соопштија градските власти.

Тие потенцираат дека реконструкцијата на мостот е значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и на безбедноста за сите граѓани.

 

ИЗДВОЕНИ