понеделник, ноември 9, 2026
Дома СВЕТ Американскиот секретар за одбрана Хегсет не верува дека ќе биде отстранет од...

Американскиот секретар за одбрана Хегсет не верува дека ќе биде отстранет од функцијата

0
Фото: EPA/WILL OLIVER / POOL

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека не е исплашен од обидот за негово отстранување од функцијата, додавајќи дека е подготвен да ја брани својата работа во Пентагон.

Тој наведе дека не е загрижен и дека е уверен оти ја има поддршката од републиканците, кои нема да дозволат негово отстранување, пренесе „Си-Би-Ес њуз“ (CBS News).

Американскиот секретар за одбрана се соочува со иницијатива за негово отстранување во Претставничкиот дом, покрената од републиканскиот конгресмен Томас Маси, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ