четврток, август 6, 2026
Дома СПОРТ Винисиус за првпат застана пред камерите и го прекина молчењето!

Винисиус за првпат застана пред камерите и го прекина молчењето!

352
epa11869188 Real Madrid's Vinicius Junior gestures after his goal with disallowed during the Spanish LaLiga soccer match between RCD Espanyol and Real Madrid, in Cornella El Prat, Catalonia, Spain, 01 February 2025. EPA-EFE/Siu Wu

Винисиус Жуниор се огласи за првпат откако во изминатиот период имаше многу шпекулации за неговата иднина.

Медиумите сè повеќе го поврзуваат бразилскиот репрезентативец со можен трансфер во Арсенал, додека преговорите со Реал (М) околу новиот договор се во фаза на мирување

И покрај таквата ситуација, Винисиус се врати во тренинг центарот „Валдебебас“, каде што ги започна подготовките за новата сезона.

Пред првиот тренинг, тој беше подложен на редовни лекарски прегледи, а потоа се приклучи на остатокот од тимот.

Во таа прилика, тој го даде и своето прво интервју во кое се осврна на соработката со новиот тренер Жозе Мурињо.

„Одлично. Се среќавам со новиот тренер, новите играчи и работам напорно на тренинзите. Тој сака да бидам ист како и секогаш, да бидам среќен, позитивен и да го играм мојот стил на фудбал“, изјави Винисиус за телевизијата на Реал (М).

Бразилецот зборуваше и за напорните подготовки по неговиот настап на Светското првенство.

„Два дена работа се веќе зад нас. Вчера имавме два тренинзи, денес еден. Исто така, работевме во теретана за да ги зајакнеме нозете и да го намалиме ризикот од повреди во текот на сезоната“, додаде Вини.

Крилниот напаѓач потоа призна дека тренинзите се исклучително напорни.

„Сите завршивме целосно исцрпени, но сега треба да се одмориме и да се подготвиме за нов ден. Таква е подготовката и мора да бидеме подготвени за сезоната.“

Додека Винисиус тренира со Реал (М), неговата иднина останува предмет на многу шпекулации.

Англиските медиуми тврдат дека Арсенал внимателно го следи развојот на ситуацијата и дека сака да ја доведе бразилската ѕвезда на „Емирати“.

Во исто време, се објавува дека Реал (М) се држи до својата конечна понуда за продолжување на соработката, додека договор меѓу двете страни сè уште не е постигнат околу платата.

Засега, сепак, Винисиус не се осврна на гласините за трансфер, туку рече дека е целосно фокусиран на работа со тимот и подготовка за новата сезона.

ИЗДВОЕНИ