Во организација на НУ Музеј-Куманово, денеска (6. август) започнува 52. издание на ликовната колонија „Куманово 2026“. Колонијата ќе се одржува во комплексот етно-село Тимчевски до 11 август, а во нејзината реализација учествува и Фондацијата за култура и спорт.

Во рамки на годинашното издание ќе творат тринаесет ликовни автори од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и Романија: Александар Џинго, Ферди Булут, Ања Стојадиновска, Ивана Ожетски, Новак Новаковиќ, Бисер Кирилов, Теодора Ракиџиќ, Софија Ракиџиќ, Снежана Мелник, Костин Братеану, Зоита Делиа Калинеску, Емилија Јанциќ и Страхил Петровски.

– Уметниците ќе создаваат дела на слободна тематика, а за време на престојот ќе ги посетат и културно-историските знаменитости во Куманово и неговата околина. Новосоздадената продукција ќе биде претставена пред јавноста на 10 август во 20 часот, кога ќе биде отворена изложба на делата создадени за време на колонијата- изјави, Драгана Спасковска, кустос советник, историчар на уметноста од НУ Музеј Куманово.

Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам и под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

ИЗДВОЕНИ