Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Утре ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува засилен до силен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Во вторник повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер.












