недела, ноември 8, 2026
Дома СВЕТ Нов инцидент во Краков: Полицијата отвори оган врз маж кој се движел...

Нов инцидент во Краков: Полицијата отвори оган врз маж кој се движел по улица со нож

1198
EPA/Art Service POLAND OUT

Во текот на ноќта – нешто по 3:00 часот наутро – полицијата во Краков отвори оган врз 23-годишен маж кој се движел низ југозападниот дел на градот носејќи нож. Ова се случи само неколку часа по масовното пукање во градот во кое загинаа девет лица, соопшти локалната полиција.

Катажина Цисло, портпаролка на полицијата во Малополското војводство, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели; потоа, еден полицаец пукал кон мажот, но промашил, пренесува RMF24.

Цисло нагласи дека инцидентот што се случил во текот на ноќта не е поврзан со пукањето што се случи вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што беа убиени шест лица. Истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан.

Во ноќниот инцидент нема повредени. Откако биле испукани истрелите, мажот го фрлил ножот; тој бил уапсен и пренесен во болница.

Според првичните сознанија на полицијата, уапсениот маж има проблеми со менталното здравје, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ