И покрај тоа што паркирањето во Битола беше бесплатно по повод роденденот на Битола, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС – пораки за регулирање на паркинг-сесиите, информираа од „Паркинзи Битола“.

Од јавното претпријатие известија дека целокупниот приход од испратените пораки ќе биде префрлен во приходите од хуманитарните паркинзи. Во соопштението не е наведен износот на собраните средства.

ИЗДВОЕНИ