Новата скијачка лента на Пониква е целосно монтирана и ставена во функција, со што скијалиштето добива нова содржина во пресрет на претстојната зимска сезона.

Од страна на концесионерот „Ски Надја“ информираат дека монтажата била завршена за четири дена, по интензивна работа и ангажман на екипите.

Оттаму посочуваат дека поставувањето на новата скијачка лента претставува значаен чекор во унапредувањето на условите за зимски спортови и туристичката понуда на Пониква.

ИЗДВОЕНИ