понеделник, август 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Викенд „егзодус“: Долги колони и повеќе од 17.000 излези од Македонија

Викенд „егзодус“: Долги колони и повеќе од 17.000 излези од Македонија

228

Повеќе од 17.000 лица ја напуштиле Македонија во последните 24 часа преку граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ кон Грција, додека во истиот период во земјата влегле околу 16.000 патници, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

Поради зголемената фреквенција, на двата гранични премини се создадоа долги колони, а најголем метеж беше забележан на „Дојран“, каде колоната возила се протегаше низ Стар Дојран.

На „Богородица“ во Македонија влегле 5.864 македонски државјани, а излегле 5.948. Од странските државјани, влегле 10.249, а излегле 11.648.

На „Дојран“ се евидентирани 399 влезови и 1.104 излези на македонски државјани, додека кај странските државјани регистрирани се 1.295 влезови и 1.174 излези.

Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресурси за да се овозможи побрз проток на патниците, при истовремено спроведување на задолжителните гранични контроли.

ИЗДВОЕНИ