понеделник, јули 6, 2026
Дома МАГАЗИН Вештачката интелигенција се развива побрзо отколку што можат да ја следат законите

Вештачката интелигенција се развива побрзо отколку што можат да ја следат законите

2

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес предупреди дека развојот на вештачката интелигенција се движи многу побрзо отколку што може да следи законодавството, нагласувајќи дека на светот му се потребни хармонизирани глобални правила за намалување на потенцијалните ризици, особено за децата.

„Технологијата што може да ги преобликува економиите, да ги менува пазарите на трудот, да влијае на изборните процеси и да ги наруши безбедносните баланси се развива побрзо отколку што може да следи кој било – вклучително и нејзините креатори -“, рече Гутереш, обраќајќи се пред учесниците на првиот меѓувладин глобален дијалог на Обединетите нации за вештачка интелигенција, што се одржува во Женева.

Тој нагласи дека иновациите мора да имаат јасни заштитни мерки.

„Ако сакаме вештачката интелигенција да биде моќна алатка во корист на човештвото, таа мора да се управува одговорно“, рече генералниот секретар на ОН.

Дводневниот глобален дијалог на ОН за управување со вештачката интелигенција не е насочен кон постигнување меѓународен договор, туку кон отворање дискусија за правилата што би помогнале во ублажување на потенцијалните штетни ефекти од оваа технологија, а во исто време да се искористат нејзините многубројни придобивки.

Учесниците на состанокот ќе разгледаат извештај од независен научен панел составен од 40 експерти од различни области. Панелот ќе ги презентира резултатите од првата глобална и независна научна проценка на развојот и влијанието на вештачката интелигенција.

Поопфатен извештај е планиран за следната година, кога во Њујорк ќе се одржи втор глобален состанок посветен на управувањето со вештачката интелигенција.

ИЗДВОЕНИ