Се чини дека трката за најдобар кошаркар (МВП) во НБА-лигата во овој момент е сведена на само четири имиња: Никола Јокиќ, Шеи Гилџус-Александер, Лука Дончиќ и Виктор Вембањама. Ова е, веројатно, една од најтесните одлуки во историјата на НБА и би можела да се сведе на последниот натпревар од регуларната сезона.

Меѓу четворицата, Вембањама би можел да се смета за аутсајдер. Тој признава дека засега „сè уште е разумно да се води дебата“ за тоа кој треба да биде именуван за МВП, но е решен да го промени тоа.

  • Мојата цел е да се осигурам дека нема да има дебата на крајот од сезоната – рече двократниот ол-стар учесник.

Кога беше замолен да ги наведе своите три причини за освојување на престижната награда, 22-годишниот Вембањама понуди промислен одговор, кој можеше само да му донесе повеќе гласови.

  • Мојот прв аргумент е дека одбраната е 50 проценти од играта, и досега беше потценето тоа на оваа трка. Верувам дека сум највлијателниот дефанзивен играч во лигата. Мојот втор аргумент е дека го победив Гилџус-Александер со мојот тим оваа сезона. Три пати доминиравме над нив кога играа со полн состав и четири пати против играчите од нивната ротација. Трето, влијанието врз нападот не е само во освојувањето поени – заклучи францускиот центар.

Вембањама знае дека е уникатен играч и има добри шанси да стане најмладиот МЗП-играч во историјата на лигата. Доколку успее, тоа би го направил на приближно 22 години и 130 дена, надминувајќи ја поранешната ѕвезда на Чикаго булс, Дерик Роуз, кој имаше 22 години и 191 ден кога ја освои престижната награда.

ИЗДВОЕНИ