четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Латино ѕвеадата Шакира ѝ се враќа на Шпанија – изградба на привремен...

Латино ѕвеадата Шакира ѝ се враќа на Шпанија – изградба на привремен стадион за десет концерти во најава

59

Колумбиската пејачка ѕвезда Шакира ќе одржи во септември концерти во Мадрид, на крајот на својата светска турнеја, што ќе бидат нејзини први настапи во Шпанија по 2018 година, објави нејзиниот шпански претставник „Лајв нејшн“.

Во моментот се потврдени шест датуми (18, 19, 20, 25, 26. и 27 септември) но градоначалниотна шпанската престолниа Хосе Луис Алмеида во последните денови најави дека 49-годишната пејачка би можела да одржи вкупно 10 концерти.

Шакира последен пат настапуваше во Шпанија во 2018 година, пред да објави во 2022 година дека се разделува од поранешниот фудбалер на Шпанија Жерар Пике.

„Во свет полн со несигурност“, нејзиниот спектакл „ќе го слави животот“ и „латино културата“, објасни нејзиниот промотор Пино Саљоко, претседател на „Лајв нејшн“ во Шпанија, на прес-конференција.

За таа пригода „Лајф нејшн“ ќе изгради „Шакира стадион“, привремена градба во јужниот дел на Мадрид кој ќе може да прими околу 50.000 посетители, пренесе „Хина“.

Колумбиската ѕвезда ја започна својата светска турнеја во феврари 2025 година под назив „Жените не плачат“.

Во 2025 гофина веќе на почетокот на февруари собра речиси 400.000 гледачи на бесплатен концерт во Мексико.

На плажата Копакабана во Рио де Жанеиро би требало да се одржи концерт на 2-ри мај.

Во ноември 2023 година колумбиската пејачка постигна договор со шпанските судови за да избегне судење за даночна измама.

Како дел од договорот, во кој призна вина, изведувачката на песните “Waka Waka” и “Hips Don’t Lie” ѝ беше наредено да плати казна од повеќе од 7,3 милиони евра.

ИЗДВОЕНИ