четврток, јуни 11, 2026
Дома МАГАЗИН Велика Сабота – втор ден од христијанската жалост и последниот ден пред...

Велика Сабота – втор ден од христијанската жалост и последниот ден пред Велигден, поминете ја во длабока тишина и молитивена смиреност

450

Велика Сабота е посебен ден во православниот календар – вториот ден на христијанската жалост и во исто време последниот ден пред Велигден. Се одбележува со длабока почит и тишина, бидејќи се верува дека на тој ден Исус Христос бил физички во гробот, духовно во адот, а во исто време на престолот со Отецот и Светиот Дух.

Православните верници денеска ја слават Велика Сабота, еден од најважните денови во христијанскиот календар, кој доаѓа по Велики петок, денот на Христовото страдање. Оваа сабота се смета за време на длабока тишина и молитвена смиреност, бидејќи, според верувањата, Исус Христос тој ден останал во подземниот свет, носејќи ја надежта за воскресение.

Во современата литургиска практика, утрењето на Велика Сабота се служи вечерта на Велики петок. Верниците се собираат пред Христовиот гроб, држејќи свеќи и опкружени со мирис на темјан, учествувајќи во симболичниот обред на Христовото погребение. Овој чин не го означува крајот, туку почетокот на победата над смртта, бидејќи Црквата веќе тогаш ја објавува радосната вест за Воскресението.

Верувајќи во Христовото ветување дека ќе воскресне на третиот ден, верниците се молат, ја бакнуваат плаштаницата што е донесена во храмовите претходниот ден и во придружба на пеење на хоровите ја пречекуваат светлината на Велигден. Во Ерусалим верниците се собираат во црквата на Светиот гроб, каде секоја година на Велика Сабота се случува чудото на слегувањето на Светиот оган, настан кој симболично ја навестува светлината на Воскресението.

Духовното значење на Велика Сабота

Големата сабота го симболизира преминот меѓу старото и новото време – крајот на вековите во кои се празнувала саботата и почетокот на новата ера, во која се празнува денот на Христовото Воскресение. Во храмовите ширум светот овој ден се поминува во молитва, тишина и литургии, а верниците со запалени свеќи ја бакнуваат плаштеницата – симболичниот гроб на Христос.

Во Ерусалим, најсветото место на христијанството, на денешен ден верниците го сведочат чудото на „Благословениот оган“ во црквата на Светиот гроб, што дополнително го зајакнува значењето на овој ден за православните верници.

 

ИЗДВОЕНИ