недела, октомври 11, 2026
Дома МАГАЗИН Вечер за историја во Скопје: Deep Purple со проштален рок-спектакл/ФОТОГАЛЕРИЈА

Вечер за историја во Скопје: Deep Purple со проштален рок-спектакл/ФОТОГАЛЕРИЈА

0
Фото: П. Стојановски

Една од највлијателните рок-групи на сите времиња, легендарните „Дип парпл“ (Deep Purple), вечерва настапуваат во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамките на својата проштална светска турнеја. МНогубројната публиката има можност во живо да ги слушне безвременските хитови што оставија неизбришлива трага во историјата на рок-музиката.

„Дип парпл“ зад себе имаат милионски тиражи на албуми, илјадници концерти и песни што со децении ги поврзуваат различните генерации љубители на рокот. На скопската сцена се најавени некои од нивните најпознати нумери, меѓу кои „Hush“, „Highway Star“, „Smoke on the Water“, „Lazy“, „When a Blind Man Cries“ и „Black Night“.

Концертот е можност македонската публика повторно да ги доживее во живо музичарите чиј препознатлив звук и моќни гитарски рифови го обликуваа хард-рокот и влијаеја врз бројни музички генерации.

Бендот на актуелната турнеја настапува со голема сценска продукција, која вклучува моќен звук, светлосни ефекти и видеопроекции, ветувајќи концертно доживување во голем формат.

Покрај најголемите хитови, настапот е најавен и како можност за претставување на материјалот од албумот „Splat!“, кој, според организаторските информации, добил високи оценки од музичката критика.

По повеќедецениска кариера, бројни албуми и настапи пред публика низ светот, „Дип парпл“ вечерва ќе ѝ приредат на скопската публика рок-вечер исполнета со песни што одамна станаа класици. Концертот е дел од прошталната светска турнеја на групата, што му дава посебно значење на нивното враќање пред македонските обожаватели.

ИЗДВОЕНИ