По пауза од седум години Вардар повторно триумфираше на гостински терен во Германија против тим од Бундеслигата, откако со 34:25 го победија Мелсунген. Со оваа победа „црвено – црните“ се пласираше директно во четвртфиналето на Лига Европа што беше и целта на тимот. Скопјани се првиот македонски тим што стигнал во четвртфиналето во Лига Европа откако се игра ова натпреварување.
Сега „црвено-црните“ ќе ги скокнат осминафиналните натпревари и ќе чекаат ривал, а тоа ќе биде подобриот од двомечот меѓу Елверум и Монпелје, Вардар на 28 април прво ќе гостува во Франција или Норвешка, а потоа на 5 мај во Скопје ќе се бори за место на завршниот турнир во Хамбург.
Најтрофејниот македонски клуб во Германија имаше и голема поддршка од навивачката група „Комити“ Согласно договорот на двата клуба, Вардар доби цел сектор за навивачи и според неофицијалните информации има преку 300 навивачи во салата „Ротенбах Хале“ во Касел. Навивачката група „Комити“ со поддршка од дијаспората направи убава спортска атмосфера , бидејќи еден сектор е погласен од германската сала која не е ниту исполнета.
Со по шест гола најдобри во вардаровиот табор беа Вукашин Воркапиќ и Жоао Педро, додека пет даде Никола Боно, а кај голманите се истакна Милош Валах со осум интервенции.
ОСМИНАФИНАЛЕ – 31 март/7 април: Кристијанштад – Нексе Нашице, Монпелје – Елверум, Фредериција – Мелсунген, Архус – Фленсбург
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 28 април/5 мај: Кил – Кристијанштад/Нексе Нашице, Вардар – Монпелје/Елверум, Порто – Фредериција/Мелсунген, Хановер – Архус/Фленсбург












