Иран објави список на потенцијални цели, меѓу кои се канцелариите и средствата на големите американски технолошки компании што работат на Блискиот Исток, објавија иранските државни медиуми денеска.
Списокот, објавен под наслов „Нови ирански цели“ од државната новинска агенција Тасним, вклучува разни регионални канцеларии и центри за податоци, „клауд“ и развој на големите американски технолошки компании, објавува Индекс.
„Како што регионалната војна се шири и станува војна за инфраструктура, опсегот на легитимни ирански цели постепено се шири“, се вели во објавата.
На списокот се споменуваат канцеларии наводно поврзани со Google, Amazon, Microsoft, Nvidia, IBM, Oracle и Palantir, лоцирани во Израел и низ целиот регион, вклучувајќи ги Дубаи и Абу Даби. Иранската револуционерна гарда претходно спроведе операции против центрите за податоци на Amazon во Дубаи и други стратешки центри во регионот.
Минатата недела, Иран, според извештаите на државните медиуми, изврши напад со беспилотни летала врз центарот за податоци на Amazon во Бахреин. Иранските беспилотни летала, исто така, таргетираа два објекти на Amazon во Обединетите Арапски Емирати.












