Израел верува дека новиот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, бил лесно повреден во нападите, објави Ројтерс, повикувајќи се на висок функционер.
Израелските разузнавачки претставници веруваат дека затоа Хамнеи не се појавил во јавноста откако бил назначен на функцијата пред три дена, објави Ројтерс.
Повикувајќи се на три ирански извори, „Њујорк тајмс“ претходно денес објави дека Хамнеи, кој го наследи својот покоен татко, бил ранет на првиот ден од војната.
Официјалните лица додадоа дека Хамнеи бил држен подалеку од јавноста од страв дека каква било комуникација би можела да ја открие неговата локација и да го доведе во опасност, пренесе „Скај њуз“.
Гласини за здравјето на Хамнеи претходно се појавија откако иранската државна телевизија наводно сугерираше дека тој е „џанбаз“ или ранет воен ветеран.
Доналд Трамп во понеделник изјави дека назначувањето на Хамнеи е грешка, додавајќи дека не знае „колку долго ќе трае“.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, вчера одби да коментира за прашањето за здравјето на Хамнеи.












