Ракометарите на Вардар ја победија Бенфика со 33:27 и по три кола од главната фаза си обезбедија пласман во нокаут – фазата на Европската лига. На средбата во СЦ „Јане Сандански“ пред околу 5.000 навивачи избраниците на Иван Чупиќ го надиграа ривалот и заслужено триумфираа.

Двократниот европски шампион со оваа победа е сигурен за место барем во осминафиналето, а следниот вторник кај Мелсунген ќе игра за првото место во групата кое обезбедува пласман директно во четвртфиналето.

Најдобар стрелец беше Јака Малус со девет реализации, додека осум даде Вукашин Воркапиќ. Кај голманите Милош Валах го заврши мечот со шест одбрани, а Мигел Еспиња фати три шута.

ИЗДВОЕНИ