среда, ноември 18, 2026
Дома СКОПСКА В сабота ќе се чисти патеката кон жичницата на Средно Водно

В сабота ќе се чисти патеката кон жичницата на Средно Водно

1

Волонтерскиот центар Скопје заедно со „За почиста Македонија“, в сабота, во 11:00 часот, организира акција за чистење на Водно.

Планирано е да се исчисти патеката кон жичницата.

– Кога ќе стигнете на Средно Водно, побарајте ги ознаките на „За почиста Македонија“ – таму ќе нè најдете. Вреќи, ракавици и друг алат за чистење – како и добро друштво – се обезбедени. Колку повеќе нè има, толку подобро – ѓубрето нема да има никакви шанси – велат организаторите на акцијата.

Тие ги повикуваат граѓаните да се придружат во оваа акција и да покажат, како што велат, дека меѓу нас има многу љубители на природата.

– Овој настан е повеќе од обично чистење – тоа е можност да запознаете луѓе со слични интереси. Останете и откако ќе завршиме со работата, за да поразговараме, да одиграме некоја игра и, едноставно, да се дружиме – покануваат организаторите.

 

ИЗДВОЕНИ